Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, верува дека Мекларен може да победи на секоја трка во годинашниот шампионат во Формула 1. Тој верува дека предноста на тимот во однос на другите тимови е поголема од онаа што ја имал Ред бул кога било.

Шампионатот во Формула 1 започна минатиот викенд, во Австралија, а возачот на Мекларен, Ландо Норис, стартуваше од пол-позицијата и на крајот победи. Истото се случи и на втората трка, на која Мекларен извојува 1:2 победа, а највисоко на подиумот се искачи Оскар Пјастри.

Иако мисли дека имаат предност возачите на Мекларен, Норис и Оскар Пјастри, Расел рече дека сè уште не верува дека тие може да го повторат она што го направи Макс Верстапен во Ред бул, во текот на својата доминација во претходните сезони.

  • Нивниот болид е дефинитивно способен да победи на секоја трка. Нивниот болид треба да победува на секоја трка, но мислам дека нема да го направи тоа оваа година. Ќе видиме, мислам дека предноста што ја имаат пред другите е поголема од онаа што ја имал Ред бул кога било – изјави Расел.

ИЗДВОЕНИ