Холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни е зафатен со подготовките за премиерата на претставата „Добра ноќ и среќно“ на Бродвеј.
Со оглед на тоа дека последен пат на „штиците што живот значат“ играше пред речиси десет години, тој призна дека имал огромна нервоза. Предпремиерите почнуваат на 12 март, а премиерата е закажана за 3 април во театарот „Vinter Garden“.
Инаку, двократниот оскаровец глумеше и во истоимениот филм од 2005 година, каде што беше и ко-сценарист и режисер.
Приказната е сместена во 1953 година и се фокусира на вистинската приказна на радио и телевизискиот новинар Едвард Р. Мароу, кој се обидел да го собори американскиот сенатор Џозеф Мекарти.
Според UNILAD, снимањето на филмот чинело 7,5 милиони долари, а Клуни барал само по еден долар за секоја работа и на крајот заработил само три долари.
Очигледно, тој толку многу сакал да го сними овој филм што ја ставил куќата под хипотека за да ги собере парите, што на крајот се исплатило, бидејќи филмот заработил повеќе од 54 милиони долари.
Филмот беше добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи шест номинации за Оскар и БАФТА награди и пет номинации за Златен глобус.
„Ја напишав „Добра ноќ и среќно“, затоа што бев лут затоа што ме нарекоа предавник на мојата земја кога реков дека треба да поставуваме прашања пред да испратиме луѓе во војна, а најдов начин да го изразам тоа во филм“, изјавил во една прилика Џорџ Клуни.