Џорџ Клуни драстично го промени имиџот: Ќе биде ли по вкус на дамите без седата коса?/ФОТО

843

Џорџ Клуни е сè уште совршен на 63 години – ако ги прашате неговите обожаватели. Но, можеби нивното мислење ќе се промени откако ќе го погледнат неговиот нов имиџ.

Нема повеќе седа коса.

Своите препознатливи сиви прамени ги обои во кафена боја и во тоа издание го имаше своето прво јавно појавување во Њујорк.

Со него била и неговата сопруга Амал.

Многу холивудски актери намерно ја бојадисуваат косата за да изгледаат помлади, но Клуни е поинаков.

screenshot X

Неговиот нов имиџ е условен од улогата што ја толкува, а наскоро ќе дебитира на Бродвеј.

Тој ќе глуми во претставата „Добра ноќ и со среќа“ (Good Night, and Good Luck).

Неодамна призна дека никогаш во кариерата не бил толку нервозен како поради ова деби.

Штом ќе заврши дебито, се очекува да го „врати“ седиот и стар имиџ.

ИЗДВОЕНИ