Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, покажа дека има срце планина, отворајќи ја својата четврта бесплатна клиника во државата Северна Каролина и продолжувајќи ја својата мисија да го подобри пристапот до здравствена заштита на маргинализираните заедници. Оваа клиника ја отвори во Вилмингтон, градот во кој пораснал.

Клиниката се простира на 680 квадратни метри, има 12 ординации и обезбедува основна медицинска нега во работните денови, поддржана од теренски здравствени работници, кои им помагаат на пациентите да се поврзат со клучните локални услуги. Овој проект го започна во партнерство со организацијата „Novant Health“ уште во 2019 година, во Шарлот, а иницијативата дополнително се засили откако донираше уште 10 милиони долари во 2024 година. Во првата клиника во Вилмингтон имало речиси 1.800 пациенти за само девет месеци.

ИЗДВОЕНИ