
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон смета дека Европа треба да ги намали социјалните трошоци во корист на воената сфера и да докаже дека не живее „на грбот“ на САД, односно дека е во состојба да ја зачува западната алијанса.
Во авторски напис за „Дејли Мејл“, тој рече дека граѓаните на САД живеат полошо од Европејците бидејќи трошат повеќе на војската и дека Европа треба да го стори истото.
„Американците земаат многу помалку одмор од работниците во Европа: 10-15 дена во споредба со 30 дена во Европа. Американците немаат никакви здравствени придобивки како Европејците. Тие се лути што трошат повеќе за одбрана од Европејците“, рече тој.
Џонсон смета и дека Европа не е во состојба да создаде алтернатива на НАТО без Америка.
„Не треба да бидеме заведени да мислиме дека можеме да создадеме некаква алтернативна европска одбрана како замена за НАТО. Кој би можел да биде главен? Франција? Британија? Германија? Доволно е да се постави прашањето и да се види проблемот“, рече Џонсон.