![First League - Sporting vs Boavista](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/jokeres-696x464.jpg)
Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека раководните лица не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на португалскиот гигант Спортин од Лисабон, Виктор Џокереш. Челниците на „црвените ѓаволи“ се убедени дека се потребни околу 100 мил. евра за обештетувањето на шведскиот интернационалец.