
Лондонскиот премиерлигаш Арсенал моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на шведскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон, Виктор Џокереш. Младиот напаѓа сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок, а официјалната понуда за неговото обештетување не смее да биде помала од 60 мил. фунти.