
Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем се вклучи во трката по потписот на шведскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон, Виктор Џокереш. Брзоногиот напаѓач важи за голема желба и на раководните лица на Манчестер Јунајтед, а од неговата продажба челниците на „зелено-белите“ очекуваат заработка не помала од 100 мил. евра.