Џоел Ембид би можел да ја заврши сезоната во наредните денови. Тој сè уште има огромни проблеми со коленото и како што стојат работите, ќе мора да оди на уште една операција. Ова го потврди доверливиот новинар Шамс Чаранија.
- Ембид нема да игра против Чикаго. Тој и Филаделфија се консултираат со нови лекари и специјалисти по новите снимки што ги направи – вели Чаранија.
Тоа практично значи дека многу брзо ќе треба да донесе конечна одлука и да одлучи кое е најдоброто решение. Се чини дека ќе мора да оди на уште една операција на коленото, поради што пропушти повеќе од половина од натпреварите во досегашниот тек од сезоната. Без него, Сиксерс би можел да го пропушти плејофот. Моментално се на 12. место на Истокот, со скор 20:36, додека Чикаго е на 10. позиција (22:35), која води на плејин-турнирот.