Ѕвездата на Мајами, Џими Батлер, е повторно суспендиран, овој пат на два натпревара, објави „CBS Sports“.
Батлер го пропуштил летот на тимот за натпреварот против Милвоки, планирајќи да му се приклучи на тимот во среда навечер, но Мајами одлучи да го суспендира за натпреварите против Милвоки и Бруклин (сабота).
Оваа суспензија доаѓа само неколку дена откако Батлер се врати на теренот по суспензијата од седум натпревари поради своето однесување. Тој се појави на последните три натпревари на Мајами, но очигледно е дека несогласувањата со тимот не се решени.
Батлер, кој има 35 години, не го крие незадоволството од ситуацијата во Мајами. Минатиот месец се појавија гласишта за неговата желба да го напушти тимот, иако претседателот на Мајами, Пет Рајли на 26 декември изјави дека тимот нема намера да го трејдува.
Батлер би можел да се врати на теренот на 27 јануари на натпреварот против Орландо.