Светот ја смета за една од најубавите актерки, а Џесика Алба со години е предмет на восхит и обожавање ширум светот. И покрај „тивкиот копнеж“ на милиони фанови, нејзиниот сопруг Кеш Ворен, режисер, реши на бракот да му стави крај.
По 17 години брак и три деца, секој од нив реши да тргне по својот пат ставајќи крај на заедничката приказна.
Џесика и Кеш се родители на ќерките Хонор (16) и Хевен (13) и синот Хејс (7), а се венчаа во мај 2008 година. Иако отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста со својата хармонична и домашна врска, причината за нивната разделба сѐ уште не е откриена.