Џенифер Гарнер изгуби пријателка во пожарот во ЛА: „Се чувствувам речиси виновна додека шетам низ мојата куќа“

482

„Се чувствувам речиси виновна додека шетам низ мојата куќа…Што можам да направам? Како можам да помогнам? Што можам да понудам? Што можам да понудам со овие раце и овие ѕидови и безбедноста што ја имам? Срцето ми крвари за моите пријатели. Можам да се сетам на 100 семејства и 5.000 изгубени домови“, додаде актерката.

Гарнер, која 25 години живее во населбата Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, рече дека таа и Хозе Андрес, шефот на World Central Kitchen, која помогна во дистрибуцијата на оброците за време на трагедии низ целиот свет, се вклучија во обезбедувањето помош на оние на кои им е потребна уште во првиот час кога започна пожарот во Лос Анџелес.

ИЗДВОЕНИ