Американскиот потпретседател Џејмс Дејвид Венс денеска го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не упатува јавни критики кон американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа може да има само негативни последици за него.
Острата реторика на двете страни доаѓа во критичен момент во војната меѓу Украина и Русија, бидејќи Трамп бара брзо решение. Зеленски има идеја да го премисли Трамп со тоа што јавно ќе го нападне, но секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е најлошиот можен начин да се справите со оваа администрација, изјави Венс за Дејли Мејл, пренесува ФоНет.
Тој посочи дека Зеленски добива „лоши совети“ како да се справи со новата администрација и дека во последните три години му било кажано дека не може да направи ништо лошо.
Ова е политика на американскиот претседател и не се заснова на руски дезинформации, туку на фактот дека Трамп знае многу за геополитиката, има многу силно и јасно мислење и го има тоа мислење многу долго време, рече Венс, пренесува ФоНет.
Очигледно е дека го сакаме украинскиот народ, се восхитуваме на храброста на војниците, но веруваме дека оваа војна треба брзо да заврши, изјави американскиот потпретседател.