Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд да зборува за „американскиот интерес“ за островот

35
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигна во посета на Гренланд, придружуван од неговата сопруга Уша Венс, министерот за енергија Крис Рајт и советникот за национална безбедност Мајк Волц, објави NBC News.

Делегацијата на САД ја пречека воен персонал во вселенската база Питуфик, а Венс рече дека тој и неговиот тим ќе разговараат со официјалните лица во базата за придонесот на војската за националната безбедност на САД, што претседателот Доналд Трамп го наведе како причина Америка да ја преземе контролата врз данската територија.

„Се разбира, ќе добиваме брифинг за тоа што правите секој ден, а потоа само ќе разговараме за тоа, како што слушнавте, имаме одреден интерес за Гренланд од администрацијата на Трамп“, рече Венс.

Тој додаде дека американската администрација и претседателот се особено заинтересирани за „арктичката безбедност“, бидејќи две третини од територијата на Гренланд е над Арктичкиот круг, каде што се наоѓаат ретки земјени елементи, нафта и природен гас.

Од почетокот на вториот мандат во Белата куќа, Трамп неколкупати ја повтори својата намера да го анектира данскиот остров, а во средата посочи дека Америка ќе се прошири „што е можно повеќе“.

ИЗДВОЕНИ