Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предизвика меѓународен скандал со неговата изјава дека „Америка позајмува пари од кинеските селани“.
„Позајмуваме пари од кинеските селани за да ги купиме работите што ги прават“, рече Венс во разговор за „Фокс њуз“, обидувајќи се да ја одбрани политиката на претседателот Доналд Трамп.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан наведе дека изјавата на Венс предизвикала „тага и незадоволство“ на кинеските социјалните мрежи.
Лин посочи и дека Венс се прославил и со својата автобиографска книга „Hillbilly Elegy“, која зборува за растењето во посиромашниот планински дел на Америка.
Некои корисници на кинеските социјални мрежи побараа да му се забрани на Венс влез во Кина, а неговите коментари ги нарекоа „срамни“.