Девојки, дали ќе сакате да танцувате со Енрике?Светскиот латинозаводник Иглесијас помладиот, на својот мегаконцерт во Софија    

63

Се прават напори тато Хулио да биде присутен на концертот на својот син, но само во публиката како искрен поддржувач на Енрике

Кога речиси сите помислија дека е завршено со неговата естрадна кариера, тој ненадејно ги демантира „неверните Томовци. Енрике Иглесијас, атрактивниот син на светската супер-музичка ѕвезда, Шпанецот Хулио Иглесијас по седум години пауза, повторно ќе ги воодушевува своите верни фанови овде кај нас на Балканот. За жал, нема да има концерт во Скопје, но за утеха, тука ќе биде многу блиску, во соседната Бугарија, во Софија.

Концертот е веќе закажан за 20 септември оваа 2025 година, на грандиозниот софиски фудбалски стадион  „Васил Левски“. Според програмата треба да трае повеќе од два часа, без специјални гости. Само Енрике и неговите фанови, се разбира најмногу обожавателки, од целиот Балкан.

Тоа е затоа што важи за голем секси заводник, и од самата сцена додека ги пее песните. Со своите еротски движења докажано е дека знае мошне добро да ги запали девојките и жените.

Тие не можат да се воздржат па, целата таа атмосфера се претвора во хистерично женско пискање и врискање. Мислиш, секој момент секоја за себе би го посакала во кревет. Тоа не е далеку од вистината. Енрике е свесен дека со својот сексапил прави вистинско шоу на самата сцена, па се случува со него да танцуваат и припадничките на понежниот пол.

Затоа се претпоставува дека така ќе биде и на концертот во Софија. Што значи, дами, подготвувајте се да танцувате со Енрике!

Од емотивните балади како што е „Hero“, до заразните латино-ритми на „Bailando“ и „I Like It“, неговите песни обединуваат и генерации и разновидни култури. Билетите се веќе во продажба и се продаваат по цена од 300 бугарски лева, па нагоре.   (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ