Малолетна девојка добила 300.000 долари (околу 278.000 евра) во спогодба со полицијата на округот Шаста (Калифорнија), бидејќи во 2022 година останала без својата омилена коза – Кедар. Животното било запленето по необична драма и завршило во кланица, пишува New York Post.
Сè започна во април 2022 година, кога едно 11-годишно девојче доби коза за која се грижеше секој ден, па дури и даде име. Нејзиниот идеал бил да го одгледува животно на аукција, како дел од младинската програма, но се се променило кога сфатила дека Кедар ќе заврши во кланица.
„По аукцијата таа не сакала да се раздели. Не можела да ја поднесе помисла каде ќе заврши“, изјави мајката Џесика Ланг.
Таа се обидела да интервенира и да ја откаже продажбата, но организаторите рекле дека тоа е невозможно. Мајката не знаела што друго да прави, па ја зела козата и ја однела до фарма оддалечена 320 километри. Но, и се заканувале обвинение за кражба, а за се била известена полицијата.
Двајца офицери на шерифот на округот Шаста вложиле огромни напори да го пронајдат и запленат животното, а мајката тврдела дека немаат налог за претрес. Таа подоцна поднела тужба против властите, по што била постигната спогодба.
Девојчето го загуби миленичето, а козата животот“, се наведува во документацијата доставена до судот.
И покрај финансиската отштета, Џесика Ланг вели дека срцето на нејзината ќерка се уште е скршено. Ништо не може да и ја врати козата“, додаде таа.