Девет мртви откако автомобил се заби во толпа на филипински фестивал во Ванкувер

30
Фото: screenshot

Најмалку девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а шест се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во канадскиот град Ванкувер, објави мрежата „Глобал њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Полицијата во Ванкувер соопшти дека на местото на настанот е уапсен 30-годишен маж осомничен за нападот.

„Околу 20:15 часот по локално време, маж со возило се заби во голема толпа луѓе за време на филипинскиот уличен фестивал Лапу Лапу“, соопшти полицијата. Во моментов, може да потврдиме дека девет лица загинаа. Нашите мисли се со сите погодени од овој трагичен инцидент“, соопшти полицијата на Ванкувер во објавата на X.

Полицијата соопшти дека е уверена оти инцидентот не бил терористички чин. Сведок, кој не сакаше да биде идентификуван, рече дека видел околу 15 луѓе како лежат на земја откако црниот џип втурнал во толпата. Сведокот рече дека возачот се обидел да бега, но го бркале посетителите на фестивалот и го држеле до ограда околу 10 минути додека не дошла полицијата.

Фестивалот се одржуваше во една населба во Јужен Ванкувер. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува жртви и остатоци расфрлани по долг пат, при што најмалку седум луѓе лежат неподвижни на земја. На фотографиите од местото на настанот може да се види црно теренско возило со згмечен преден дел.

Во Канада денеска се одржуваат федералните избри, а шефот на полицијата рече дека не знае дали инцидентот има врска со претстојните федерални избори.

 

ИЗДВОЕНИ