Детското игралиштето на улицата „Франц Прешерн“, во населбата Влае, е привремено затворено.
Ова е одлучено откако екипи од ЕВН и од Општина Карпош извршиле контрола на игралиштето, по што било констатирано дека има појава на статичен електрицитет кој не претставува опасност по живот. Игралиштето ќе биде затворено до отстранување на проблемот.