Детско туристичко вовче во Прилеп

23

Локалната самоуправа на Општина Прилеп, заедно со ЈП ЗА ПУП, ја збогати детската забава во градот со пуштање на детско туристичко вовче, кое со ѕвонење го најавува своето тргнување од бул. „Гоце Делчев“, од 17:00 часот до 22:00 часот, секој работен ден.

Тргнувањето е од пред „Реклами“, каде што се чека ред и се бара место повеќе за да се доживее една необична авантура и тура низ градот, со многу насмеани деца.

– Среќните лица на дечињата, родителите, бабите и на дедовците, многуте насмевки, радосниот восклик и детската возбуда само даваат мотив повеќе за збогатување на детските забавни содржини во градот – велат од Општина Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и локалната самоуправа и во иднина ќе работат на подобрување на културно-забавниот живот во Прилеп за сите генерации, а особено на проекти за радосни, среќни и насмеани деца.