„Детски Парламент 2024“ – работилница за ученици од основните училишта

18

Во Собранието денеска се одржа работилницата „Детски парламент 2024“ за ученици од основните училишта во Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на „Детскиот Парламент“ воведни обрачања ќе имаат Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Златко Атанасов, државен советник, раководител на Парламентарниот институт.

Фото: П. Стојановски

Во рамки на работилницата организирана е обиколка на зградата на Собранието, а учениците ќе се сретнат и со пратеници.

 

Како што посочуваат од Собранието, на работилницата ќе бидат презентирани изработени креативни паноа – порака до пратеник изразена низ мисла, стих, цртеж. Учениците ќе ја играат играта на улоги – улога на пратеник на тема „Замена на класичните учебници со електронски“.