Детски џагор и шарени маски во амфитеатарот во Младински парк 

255

Денот на шегата – 1 Април, во Велес, ќе помине во знакот на детскиот џагор, шарени маски и многу насмевки кај децата од основните училишта и од градинката „Димче Мирчев. Веселиот настан  ќе се случи в понеделник, 1 април, во амфитеатарот во Младински парк, со почеток во 12 часот.

Низ првоаприлската приказна децата ќе бидат водени од Стефан од „Дајте музика“ и Круела Де Вил. Од сите маски ќе се изберат најдобрите и најкреативните.

– Деца, вклучете ја на најјако вашата имагинација, ставете ги најубавите маски и бидете дел од првоаприлската забава – повикуваат од Општина Велес.