Детската балетска претстава „Петар Пан“, која ќе се изведе на 24 март од 19 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе биде од хуманитарен карактер, објавија надлежните.

Средствата од претставата ќе бидат донирани во Фондот за настраданите граѓани во трагичниот настан во Кочани.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ. Кореограф е Џејмс Амар од Франција, сценограф Зоран Костовски, а костимограф Марија Пупучевска. Репетитори се: Дафина Данилоска-Кочевска, Саша Евтимова, Киро Павлов и Билјана Басмаџиева-Ковачевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ