Дете оштетило слика вредна милиони евра во музеј во Ротердам

416

Дете оштетило слика вредна милиони евра, дело на американскиот уметник Марк Ротко во музеј во Ротердам, пренесе Би-би-си.

Портпаролот на музејот Боиманс ван Бенинген во Ротердам размслуваат како да ја санираат штетата на сликата. Штетата се случила за време на „момент на невнимание“, изјави тој.
„Мали гребнатини се видливи во слојот боја во долниот дел од сликата“, објасни тој за Би-би-си.
Се проценува дека апстрактната слика е вредна до 50 милиони евра.

Софи Мекалон, менаџерка за чување во компанијата за реставрација на уметнички дела, изјави дека „модерните слики“ како оваа се „посебно подложни на оштетување“.

Причината е „поради комбинацијата на сложени современи материјали, недостиг на традиционален слој препаз и интензитетот на полето на рамни бои, што дури се чини дека и најмала штета се забележува“, објасни таа.

„Во овој случај, гребењето на горните слоеви на боја може да има значително влијание врз искуството при гледање на делото“, рече МекАлун.

Сликата на Ротко висеше во депото на музејот – јавно достапен складишен објект покрај главниот музеј – како дел од изложба на која беше прикажан избор од „омилени на јавноста“ од колекцијата на галеријата.

 

ИЗДВОЕНИ