Временските услови стануваат се поекстремни, речиси секој ден ни доаѓаат катастрофи, а потоа доаѓа топлотен бран кога буквално не можете да дишете поради жештините…
Тогаш на што да се надеваме во месецот што доаѓа пред нас? Кога станува збор за временската прогноза за летото 2024 година, српскиот метеорологот Слободан Совиљ открива подолгорочна прогноза за тоа какво ќе биде времето во јули.
„До средината на јули чести врнежи од дожд, посвежо, со големи ризици од обилни врнежи. Вториот дел од јули – потопол, претежно сончево, со ризик од топлотен бран“, вели Совиљ за Нова.рс.
Еве ја деталната прогноза за јули 2024 година, според Совиљ.
„Веќе на 1 јули во вечерните часови и во текот на ноќта од западниот и северозападниот дел од регионот ќе пристигне облачност и освежување со врнежи од дожд, грмежи и локална појава на променливо време со град и невреме.
Тоа нестабилно време ќе се задржи до 7 јули со чести врнежи и со минимална температура од 14 до 19, а максимална од 24 до 28 степени.
„Променливото и нестабилно време со врнежи ќе предизвика температурата да биде потпросечна, а прогнозираното негативно температурно отстапување во првата недела од јули со веројатност од 60-70 отсто ќе биде од еден до три степени во однос на референтниот период 1991 – 2020 година“, вели метеорологот.
Поради обилните врнежи кои се очекуваат на почетокот на јули, температурата ќе биде пониска од просечната.
Сличното време продолжува и понатаму, иако со послаби врнежи од дожд.
„Од 8 до 14 јули врнежите ќе станат поретки и изолирани, но воздушната маса ќе остане малку посвежа од просечната. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Просечната минимална температура ќе биде од 17 до 20 степени, а максималната од 26 до 31 степен.“
Севкупно, пониски температури се предвидуваат во првата половина на јули во однос на претходните лета.
Сепак, втората половина од месецот (по 15 јули) повторно ќе ја одбележи претежно сончево и суво време, а просечните максимални температури ќе бидат во пораст – од 30 до 32 степени, со почеста појава на тропски ноќи.
Во втората половина на јули значително се зголемува ризикот од поизразени топлотни бранови во кои максималните температури ќе надминуваат 35 степени, вели метеорологот.