Детали за случајот Брчко: Полицијата уапси 8 лица, вклучен е и Европол – истрагата оди во повеќе насоки

349
screenshot Youtube Hit televizija Brcko

Полицијата на округот Брчко во БиХ, како дел од досегашните активности по пронаоѓањето на 31 дете, уапсила осум лица поради основано сомнение за сторени кривични дела трговија со луѓе и деца и запуштање или злоупотреба на дете.

Како што објави Klix.ba, портпаролката на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, во изјава за новинарите рече дека истрагата за инцидентот е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување и дека се преземаат итни истражни дејствија.

„Во таа насока, под надзор на надлежниот обвинител, полициските службеници од округот Брчко приоритетно ги преземаат сите потребни доказни дејствија, при што е постигната соработка со Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска и Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон, како и неопходната меѓународната соработка на Европол, вели Хукичевиќ.

Меѓу групата деца, најверојатно жртви на трговија со луѓе, кои во вторникот беа пронајдени во Брчко, шест од нив имале хрватски документи, но не се водат како исчезнати во Хрватска, извести во вторникот Управата на полицијата. „Според прелиминарните информации, шест деца поседуваат хрватски документи и според дадените податоци за идентификација, горенаведените деца не се водат како исчезнати на територијата на Република Хрватска“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека хрватската полиција ќе врши проверки на автентичноста на документите и идентитетот на децата, како и сите други неопходни проверки.

Неколку независни извори за Блиц потврдија дека полицијата и обвинителството во Брчко ги истражуваат сите можни сценарија, а едно од нив оди кон истрага за семеен клан.

„Наводно, како што се сомневаат, згрижувале деца од семејства чии родители доброволно ги давале на чување да питачат и ги подготвувале за заминување во некоја од европските земји. Оттука и неважечките хрватски пасоши“, изјави за Блиц еден од соговорниците.

ИЗДВОЕНИ