Детали од обдукцијата на братот на потпретседателот на Владата на БиХ: Фатални биле ударите во главата

1892

Ѓорѓе Мијатовиќ, брат на потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ, Војин Мијатовиќ, беше убиен во неделата во белградската населба Вождовац.

Како што пишуваат српските медиуми, Ѓорѓе излегол во блискиот парк откако му се јавил синот бидејќи го малтретирале непознати млади лица.

Според пишувањето на српските медиуми, Мијатовиќ излегол да разговара со нив бидејќи ги заплашувале децата. По кратка расправија младите го нападнале и го претепале. Тој во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите.

Обвинителството нареди обдукција со токсикологија за да се утврди точната причина за смртта, поради што е пренесен во Институтот за судска медицина.

Како што дознава Аваз.ба, обдукцијата покажала дека напаѓачите го удриле шест пати во главата, од кои еден удар во слепоочницата. Од ударот му пукнал черепот, предизвикувајќи епилептични напади и срцев удар, кои биле фатални.

Братот на министер во Владата на Федерацијата БиХ претепан до смрт во Белград