Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Десетици илјади луѓе го наполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на главниот град на Србија, јавуваат новинарите на Бета од местото на настанот, а тоа може да се види и од директниот пренос на телевизијата Н1 и порталот „Bez cenzure“.
Самиот плоштад е целосно исполнет со демонстранти, а полни се и Немањина, Београдска, Краља Милана и улиците кои водат од храмот Свети Сава до Славија.
Протести беа иницирани од бунтовни студенти, а им се придружија и земјоделците.
Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВ Н1.
Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.