Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ, објавува Јавен повик за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата насловена „Градиме доверба во онлајн купувањето”.

Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои веќе ги продаваат своите производи или услуги онлајн, со цел да добијат можност да покажат дека нивната онлајн продавница е безбедна пред јавноста и да се придужат на заедницата од над 70 верификувани е-трговци.

Бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата ќе добијат 10 компании.

Е-продавниците кои сакаат да аплицираат за бесплатна верификација, сѐ што треба да направат е да пополнат заинтересирани за кратка онлајн апликација. Аплицирањето ќе може да се направи, најдоцна до среда, 25 септември.

Инаку, АЕТСМ оваа година ја промовираше својата нова онлајн платформа ecommerce.mk/badge која има за цел да го направи онлајн купувањето побезбедно и подоверливо за секого, како и да придонесе во континуираната борба за намалување на сивата економија и сомнителните практики на нерегистрираните продавачи во е-трговијата.

Платформата е бесплатна и достапна во секое време за јавноста.