Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција, кои треба да постапуваат. – Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи – рече Петрова на брифингот со новинарите.

Таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот. Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење

 

Десет компании со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи износи како поврат на ДДВ од буџетот во вкупен износ од 4 милијарди денари, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Таа истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција кои треба да постапуваат.

– Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи – рече Петрова на брифингот со новинарите.

Што се однесува до повратот на ДДВ преку „МојДДВ“, Петровска, потенцира дека нема застој и досега на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки се уплатени 170 милиони денари.

– Некои граѓани имаа неажурирани податоци, други, пак, ги згаснале своите сметки. Затоа, требаше време да се направи точна и темелна проверка – објасни Петрова.

Исто така, таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот.

Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење.

– СДСМ повеќе пати апелираше дека ова е голем проблем и до нас стигаат секојдневни поплаки од компаниите. Наместо да го решат проблемот и УЈП да биде вистински партнер на бизнисот, тие мислат дека преку лаги може да го покријат својот неуспех и погрешни стратегии – се вели во соопштението на СДСМ.

По основ на поврат на ДДВ заклучно со 2024 година беа доспеани 35,6 милијарди денари (речиси 579 милиони евра), а реализирано е плаќање од 34,4 милијарди денари (околу 559 милиони евра). Петрова нагласи дека повратот на ДДВ е жива материја и секој ден едни износи доспеваат, други се враќаат, но се прават максимални напори за парите да стигнат во стопанството.

– Постојано се собираат податоците, некаде има исправки и сето тоа бара време и контрола – рече Петрова.

Директорката Петрова рече дека е има мало потфрлање кај данокот на доход од игрите на среќа и дивидендите.

– Има две ставки каде што има помала наплата и тоа кај данокот на приход од игри на среќа и кај данокот на доход од исплатата на дивидендите. Тоа се должи на некакви тенденции на однесување на даночните обврзници и треба да почекаме. Генерално, главна компонента на данокот на личен доход е данокот на исплати на плати и тука е подобра наплатата во однос на истиот период минатата година – рече Петрова.

Нова услуга на УЈП – електронско уверение за состојба на остварен доход

Уверение за состојба на остварен доход по електронски пат е новата услуга на УЈП. Овој документот е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за усвојување на дете. Досега овој документ се добиваше на шалтерите на УЈП за 2 часа. Од УЈП велат дека на годишно ниво се издаваат   околу 30.000 уверенија и за тоа се трошеа 62.000 работни часа годишно на околу триесетина вработени во Управата.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на кредит, бидејќи институцијата е надлежна за прибирање на сите податоци за платите и другите примања, не само на вработените, туку и на хонорарците и фриленсерите.

ИЗДВОЕНИ