Поранешниот МВП на НБА-лигата, Дерик Роуз, доби отказ од Мемфис гризлис. Оваа информација беше објавена од Шамс Чаранија.

Триесет и петгодишниот Роуз, кој беше МВП на лигата во 2011 година, пристигна во Мемфис во 2023 година. Тој не играше премногу, но придонесе за клубот во моментите кога беше „осакатен“ од повреди, односно кога беше суспендиран Џа Морен, а тоа беше често.

Роуз претходно играше за Чикаго булс, Њујорк никс, Кливленд кавалирс, Минесота тимбервулвс и за Детроит пистонс.