Првиот американски воен авион со мигранти се очекува вечерва да слета во заливот Гвантанамо, соопшти денеска Белата куќа.
„Денеска ќе биде обавен првиот лет од САД до заливот Гвантанамо со илегални мигранти“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, пренесува Ројтерс.
Неименуван претставник од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на летот ќе има десетина мигранти.