„Денови на македонскиот мед“ на улица „Македонија“

44

Пчеларско здружение ,,Матица” Скопје по 20. јубилеен пат ја организира манифестацијата ,,Денови на македонскиот мед’’.

Во период од 26 до 29 септеври 2024 година, на улицата ,,Македонија” во центарот на Скопје повеќе од 30 индивидуални пчелари ќе се претстават со богата понуда на различни видови мед и други пчелни производи.

Од пчеларското здружение „Матица“ повикуваат: „Дојдете, пробајте и одберете го својот мед и својот пчелар“.