Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос по катастрофалното 24-часовно затворање на лондонскиот аеродром Хитроу, што доведе до пренасочување на авионските летови и десетици откажувања.
Еден од најпрометните аеродроми во светот, кој опслужува повеќе од 200.000 патници дневно, беше принуден да се затвори во петокот, откако пожар во блиската трафостаница предизвика голем прекин на електричната енергија.
Американските патници што требаше да слетаат на Хитроу во петокот по локално време беа нагло пренасочени додека беснееше пожарот и се прошири веста за затворањето, според податоците на FlightRadar.
Ситуацијата на летот во реално време можете да ја погледнете ТУКА..
Вкупно 120 авиони кои веќе беа во воздух беа пренасочени или вратени назад, а бројни летови беа одложени или откажани поради инцидентот.