Денеска во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

58

Денеска во Основниот кривичен суд треба да продолжи судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и за велешанецот Панче Жежовски. Судењето започнува во 10 часот со изведување докази од страна на Обвинителството.

На минатите рочишта сведоча мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, потоа ќерката на Панче, Ана Киркова и нејзиниот сопруг Тодор, како и повеќе лица вклучени во истрагата.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни.