Вишиот суд во Нови Сад денеска ќе ја соопшти одлуката за обвинението поднесено против 13 лица за уривање на настрешница на Железничката станица во тој град на 1 ноември минатата година.
Одлуката ќе биде објавена во 11 часот, а дозволено е присуство на медиумите, пренесува Танјуг.
Кога се урна настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени, од кои двајца подоцна им подлегнаа на повредите.