Општина Карпош во соработка со Колективниот постапувач со кој има склучено договор за соработка, на територија на урбаните заедници Карпош 3 и Карпош 4, денеска, спроведува акција на подигање на стари отпадни (хаварисани) возила.
Најпрво се подигаат отпадни возила без регистарски таблички, а по истекот на рокот даден со Решение за опомена, ќе се пристапи кон подигање на останатите возила. Акцијата продолжува во урбаните заедници Влае 1 и Влае 2.
– Апелираме до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат отстранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање – информираа од општина Карпош.