Денеска се одбележува Денот на младоста во Кумровец: 10 илјади луѓе се сетија на Тито и Југославија

282
Фото: screenshot youtube

Иако Јосип Броз Тито е роден на 7 мај, неговиот роденден во Југославија се славеше на 25 мај. Празникот со кој се одбележува датумот на раѓање на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше најпопуларниот празник во поранешна Југославија.

Генерации пионери, студенти и војници ја носеа штафетата на младоста илјадници километри, од Триглав до Гевгелија, за да му ја предадат на доживотниот претседател на поранешната држава.

Иако последната штафета беше направена и донесена во Белград во 1987 година, Денот на младоста и денес многумина го слават како спомен на „подобрите времиња“.

На собирот во Кумровац денеска се слушаат партизански песни и се продаваат сувенири како маици со ликот на Тито, негови фотографии и запалки.

Минатата година настанот помина без инциденти, а воените обележја имаше само спорадично.

Инаку, на ваквите собири е забрането носење воени униформи и воени обележја, а дозволено е доаѓање во пионерски униформи.

На прославата пристигна и поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ.