Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во 20 часот ќе го соопшти името на мандатарот за состав на новата влада, соопшти Службата за соработка со медиуми на претседателот на Републиката.
Претседателот Вучиќ ќе и се обрати на јавноста по повод изборот на претставник од Палатата Србија, пренесува Танјуг.
Претседателот на Републиката, врз основа на уставните овластувања, ќе му предложи на Народното собрание кандидат за премиер, откако ќе ги сослуша мислењата на претставниците на избраните изборни листи“, се наведува во соопштението.