Министерството за правосудство на САД денеска планира да го објави личниот адредар на Џефри Епстин, објавија американските медиуми. „Њујрок пост“ наведува дека нивен неименуван извор, којнаводно ги прегледал документите, рекол дека станува збор за повеќе од 100 страници на кои се наоѓа список со контакти без дополнителен контекст.
Изворот рекол дека објавениот дукумент ќе биде „разочарување“ без нови докази за поврзаноста на милијардерот и педофил Епстин со истакнатни политичари и познати личности.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтој, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и претседателот Трамп се меѓу лицата кои се поврзуваа со Епстин. Трамп наводно го забранил пристапот до Мар-а-лаго во 2007 година поради инцидент со ќерката на еден од членовите на клубот.
Изворот наведува дека подоцна би требало да бидат објавени дополнителни документи.
Некои од адресарите на Епстин веќе се јавно објавени не е јасно дали документацијата ќе содржи нови информации.
Адресарот на 97 страници кои беа бојавени во 2015 година вклучуваше имиња, адреси и телефонски броеви на 221 личност.
Вториот адресар од 1997 година беше даден на аукција минатата година, но не е продаден. Таа книшка на 64 страници наведува 394 лица вклучувајќи ги и Ф. Кенеди Помладиот, сопругата на водителот на „Њуз нејшн“ Крис Куомо и Кристина Греевен, а ктерката Морган Ферчајд и милијардерката Карла Икана.
Епстин е пронајден мртов во својата затворска ќелија на Менхетн на 10 октомври во 2019 гопдина. Смртта е прогласена за самоубиство. Во тој период, 66-годишниот Епстин чењкаше судење.
Поранешанта девојка и соработничка на Епстин Гислејн Максвел отслужува 20-годишна затворска казна.