„Смеата е најдобар лек“, е слоганот со кој Индиецот Мадан Катаира во 1998 година го основа Светскиот ден на смеата, кој се одбележува двапати годишно, на 10 јануари и на 2 мај и докажа дека смеата е најдобриот лек против многу болести, пред се против стресот кој секојдневно се зголемува во современиот начин на живот.

Доколку телото е под стрес се зголемува нивото на кортизол и адреналин, што може да предизвика зголемен крвен притисок и затнување на артериите, а истражувањата покажуваат дека смеењето предизвикува посебни физиолошки промени кои му помагаат на телото.

Така, гласното смеење го зголемува производството на лимфоцити и активноста на клетките кои ги убиваат клетките на туморот. Смеењето го зголемува нивото на гама-интерферон, протеин активен во борбата против секоја болест.

Смеата е лек бидејќи внесува кислород во крвотокот и го стимулира лачењето на ендорфин (протеин кој се состои од 31 аминокиселина), па може да ја промени хемијата на мозокот на подобро.

Исто така, откриено е дека потрошувачката на енергија за неколку минути смеење е еднаква на количината на енергија потрошена по 15 минути вежбање на велосипед за вежбање. Кога се насмевнуваме, работат 15 мускули на лицето.

Истражувањата покажуваат дека како возрасни се смееме околу 17 пати на ден, а најмладите тоа го прават околу 300 пати на ден. Жените почесто им се смеат на мажите отколку мажите на жените.

Докажано е дека луѓето порано се смееле во просек по 18 минути дневно, но денес тоа е намалено на само шест минути.

Ако се земе предвид дека, според некои истражувања, 70 проценти од болестите се поврзани со стресот, кој секојдневно се зголемува, луѓето треба да се трудат секој ден да се смеат неколку минути подолго.

Смеењето е карактеристично за луѓето и другите цицачи – делфини, кучиња, коњи…

Исцелителната моќ на смеата е позната уште од античко време, а доказ за тоа се бројни литературни и театарски дела, филмови и многу други манифестации чија цел е да ги насмеат луѓето, за да можат барем на кратко да заборават на своите грижи.

ИЗДВОЕНИ