Денеска е Светски ден на кроасанот! Симбол на уживање и традиција, што го освои непцето на луѓето во светот

17

Секоја година, на 30 јануари, љубителите на пециво ширум светот го одбележуваат Светскиот ден на кроасанот, посветен на одбележувањето на овој препознатлив деликатес.

Иако кроасанот денес се смета за симбол на француската гастрономија, неговото потекло води во минатото, додека неговиот вкус успешно го издржал тестот на времето.

Приказната за кроасанот: Од виенски пекари до француски маси

Една легенда вели дека кроасанот бил создаден за време на отоманската опсада на Виена во 1683 година. Додека Османлиите се обидувале да навлезат во градот копајќи тунели под ѕидините, виенските пекари, кои работеле во раните утрински часови, слушнале чудни звуци под земја. Сфаќајќи дека непријателот се обидува да влезе во градот, ги известиле властите, што овозможиле одбрана на Виена. За да го одбележат овој настан, пекарите направиле пециво во форма на полумесечина, симбол од отоманското знаме и го нарекле „кипферл“.

Втората легенда не носи во Франција. На крајот на 18 век, „кипферлот“ пристигна во Франција, каде што претрпел трансформација. Една популарна приказна вели дека Марија Антоанета, австриска принцеза и сопруга на францускиот крал Луј XVI, го донела ова пециво со себе во Париз, каде што станало познато како „кроасан“, што на француски значи „полумесечина“. Оттогаш, кроасанот стана незаменлив дел од француската култура, симболизирајќи ја елеганцијата и уживањето во животот.

Кроасан како симбол на уживање и традиција

Денес, кроасанот е синоним за хедонизам и уживање во секојдневните моменти. Неговата крцкава надворешност и мека, маслена внатрешност го прават совршен за сите прилики – од брз појадок со кафе до свечени оброци во луксузни ресторани. Постојат безброј варијации на кроасани, од класични празни до оние полни со чоколадо, бадеми, овошје или сирење, кои го освоија непцето на луѓето ширум светот.

Светскиот ден на кроасанот дава можност да се потсетиме на богатата историја на ова пециво и да уживаме во неговиот вкус. Покрај тоа што е симбол на француската култура, кроасанот е и мост помеѓу традицијата и модерниот начин на живот. Овој ден не потсетува на важноста да уживаме во секојдневните работи и да споделуваме мали задоволства со другите.

ИЗДВОЕНИ