Денеска е Благовец – еден од најрадосните празници, стравот од зимата поминува по овој ден

535

Православните верници денеска го празнуваат Благовец (Благовештение), денот кога христијаните се сеќаваат на доаѓањето на Архангел Гаврил, кој на Богородица ѝ ја објави радосната вест дека ќе го роди Синот Божји.

„Радувај се, милостива! Господ е со тебе, благословена си меѓу жените“.

Со овие зборови Архангел Гаврил и рекол на Дева Марија дека е избрана од Бога да го роди Божјиот син Исус Христос, Месијата и Спасителот на светот и човекот.

Затоа Благовештението се смета за големо колку и радосен празник. Со овој настан започна историјата на спасението на човечкиот род.

Благовештение или Благовец спаѓа во редот на божиќните празници, а секогаш се слават на 7 април според Грегоријанскиот календар.

Според народното верување, сè додека не помине овој ден, луѓето се уште се плашат од зимата.

Во православието, Благовештението се вбројува меѓу дванаесетте големи празници.

ИЗДВОЕНИ