Виктор Живојиновиќ најмалото синче на мегапопуларната пејачка Лепа Брена, од како ослабна за цели 30 килограми, минатиот викенд вооеднo наполни 27 години. Скоро секој би кажал, епа што со тоа, нека е жив и здрав! Ама, не е така. Сепак е познат син, дете на популарните Лепа Брена и тенискиот ас Бобан Живојиновиќ. Виктор сега стана големо момче, има и постојана девојка, а на неговиот роденден беше весело до зори. Во присуствуваа на најблиските од семејството и најверните пријатели. Забавата се случи во луксузниот стан на Виктор кој му го купија грижните Боба и Лепа Брена, за 700 илјади евра, а има 140 квадратни метри и се наоѓа на 40-от кат во една од елитните кули на Нови Београд.
Меѓу гостите беше и се попопуларната српска пејачка Марија Миќиќ, која сподели интересни моменти од роденденската прослава. Марија Миќиќ воедно со своите “акробации“ направи највесела атмосфера снимајќи го и славеникот Виктор Живојиновиќ со неговата девојка Софија Спасојевиќ. За тоа време во позадина на видео бимот одеше нивен приватен документарен филм во врска со тоа како Виктор беше воспитуван во деновите на раното детство. Така што имаше и многу шеги на сметката на Виктор, со огледа на тоа дека беше многу палаво детиште со кој мајка му Лепа Брена одвај излегуваше на крај.
На роденденот не изостана и француски филмски бакнеж кој на сите им го приредија Виктор и Софија. А, најсвечениот момент, како на свадба да се, се случи кога се сечеше големата торта со пиротехнички огномет до плафон. Пред тоа, Боба, Лепа Брена, браќата на Виктор, како и девојката Софија му ја пееја роденденската: “Денес е убав ден на Виктор му е роденден“….. Мама Лепа Брена, за крајот на роденденската журка на синчето му ја отпеаа нејзината “Удри Мујо у тепсију“, со што атмосферата ја крена до кулминација. Скоро пијаното друштво си замина дури сабајле околу 4, со силни впечатоци. (Д.М.) foto/FB