Ден пред бојкотот: Хрватски ланец на маркети трајно ги намали цените на 250 производи

694

Хрватскит ланец на маркети Конзум соопшти дека ги намалува цените на 250 домашни производи кои не се опфатени со најавената владина одлука за ограничувања на цените.

Одлуката на Конзум доаѓа еден ден пред најавениот масовен бојкот на продавниците на кој повика потрошувачката платформа Ало, инспекторе, по моделот на оној што се случи минатиот петок. Од друга страна, Владата денеска најави дека ќе ја прошири листата на производи со ограничени цени на 70 производи.

Конзум наведува дека станува збор за „атрактивни производи од хрватски производители кои редовно се наоѓаат во количките на повеќето клиенти на маркетот.

Така, од сабота, покрај списокот на производи чии цени се ограничени од владата, цените на дополнителни 250 производи ќе бидат спуштени и заклучени и нема да се менуваат до 1 јуни 2025 година, освен што може дополнително да се намалат.

Просечниот попуст е околу 10 отсто, а на некои производи и повеќе од 30 отсто. Конзум инвестираше уште еден милион евра во овој круг на намалување на цените и заклучување, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ