Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора и БиХ поради трагедијата во Кочани

255

Владите на Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина донесоа одлуки за денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост како сочувство за невидената трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани утрото на 16-ти март околу 3 часот, во која загинаа најмалку 59 лица, а 155 лица се повредени.

Низ македонските амбасади во светот се отворени книги на жалост. Отворени се книги на жалост и во Собранието и во Министерството за надворешни работи.

ИЗДВОЕНИ