ЈП „Водовод“ – Охрид продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.
Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 2).
Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 59 kw.