„Искубаното министерско БМВ “ со демонтирани врати, извадени делови, брави, тапацир…

3474
Фото: Министерството за односи меѓу заедниците

Левата предна врата и левото предно крило се демонтирани и на нивно место се монтирани врата и крило од некое друго возило. Извадени се оригинални делови и ставени се друга врата и крило во друга боја…, констатирале во извештајот службениците на Министерството за односи меѓу заедниците за службеното БМВ кое со месеци не е вратено од сервисот во Куманово. Во записникот за ова, кој до медиумите вчера заедно со фотографиите на возилото, го доставило Министерството, е наведено дека возилото вредно 60.000 евра е во исклучително лоша состојба.

-Моторот од возилото е отворен и се гледа дека му недостасуваат делови. Предниот браник е демонтиран, двете брави од лева и од десна страна се целосно извадени, а извадени се и тапацирите од двете врати од лева страна – наведоа службениците во записникот.

Во него е наведено дека возилото било оставено пред мај минатата година во авто сервисот „Авто лакер Буњо“ во Куманово поради сериозен дефект. Потоа, сервисот не го вратил возилото на Министерството и покрај ветувањата. Набрзо потоа сервисот воошто не одговарал на повиците. Поради тоа Министерството решило да испрати свои службеници да го лоцираат возилото.

Фото: Министерството за односи меѓу заедниците

Случајот во јавноста неодамна го изнесе министерот Иван Стоилковиќ кој наведе дека возилото на Министерството со кое претходно управувал Артан Груби било во катастрофална состојба.

– Возилото, кое било предадено на сервис, сега личи на „искубана кокошка“. Делови од него, вклучително и вратите, се извадени и користени за други потреби на сервисот. Министерството за внатрешни работи е веќе вклучено во истрагата, но нема записници за предавањето на возилото. Сведоците тврдат дека автомобилот бил предаден во совршена состојба – изјави тогаш Стоилковиќ. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ