EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Ниту ова Европско првенство во фудбал не можепе да помине без политички пораки, а главен виновник овој пат беше херојот на Турција, Мерих Демирал, кој беше двоен стрелец во победата на својата селекција против Австрија. Тој ги прослави своите голови формирајќи „волчји поздрав“ со рацете, односно правејќи го симболот на „Сивите волци“. Некои земји би можеле да го прогласат тој гест како терористички.

„Сивите волци“ веруваат во супериорноста на „турската раса“ и се залагаат за обединување на сите турски народи во една држава од Балканот преку Централна Азија до Кина, а во „таа империја“ нема вести за неистомислениците.

Сепак, Демирал не гледа проблем во тоа и како што вели, тоа ќе го повтори.

  • Начинот на кој славев има врска со мојот турски идентитет, затоа и го направив овој гест. Видов луѓе на стадионот со истиот гест. Нема никаква скриена порака, истакна Демирал, па додаде:
  • Сите сме Турци, јас сум многу горд што сум Турчин. Тоа е смислата на сè. Само сакав да покажам колку сум среќен, се надевам дека ќе има повеќе можности повторно да го покажам овој гест.

Многумина се прашуваат дали го чека суспензија поради тоа за четвртфиналето против Холандија, натпревар кој е закажан за в сабота во Берлин, откако претходно ѝ донесе победа на својата земја над Австрија со 2:1.

Со оглед на тоа што има неколку дена пауза, ова е доволно простор за УЕФА да одлучи дали ќе реагира, доколку утврди дека Демирал ги прекршил правилата.