Деми Мур цел живот криела мрачни тајни – СЕГА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА: Ѓубреџија го најде нејзиниот дневник во корпа за отпадоци

101
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерката Деми Мур доживеа голема непријатност, два дена пред доделувањето на Оскарите, откако нејзините дневници во кои ги испишала најдлабоките тајни од минатото, биле пронајдени во канта за отпадоци. Под слоевите на животот и славата, Деми криела болни, но и срамни тајни.

Дневниците кои ги водела пред повеќе од три децении биле пронајдени од ѓубреџија, а во нив биле испишани најмрачните моменти од нејзиниот живот.

Неверство пред брак и борба со демоните

Меѓу еден од најшокантните детали од дневникот на Деми, е признанието дека го изневерила своето момче музичарот Фреди Мур непосредно пред да стапат во брак.

„Ноќта пред свадбата, зедов шише шампањ и отидов да се видам со актерот со кој снимав филм“, напишала Деми во својот дневник.

Подоцна, се каела за своите постапки, а нејзиниот брак почнал да се распаѓа поради зависноста од алкохол и дрога.

„Следните три години не беа ништо подобри – пиев уште повеќе и почнав да се дрогирам“, напишала актерката.

Трагично детство и трауми од минатото

Деми ги исполнила своите мемоари со потресни приказни од своето детство, од пијанството на нејзините родители до обидот за самоубиство на нејзината мајка. Тагата и страдањето што ги трпела додека растела оставиле трага на нејзината психа и признала дека често била вовлекувана во опасни и трауматични ситуации кои имале големо влијание во нејзиниот живот.

Еден од најболните спомени била ноќта кога нејзината мајка се обидела да се самоубие.

„Ја видов како се обидува да ги проголта сите апчиња од кутијата. Татко ми се обиде да ја спречи, но две раце не беа доволни“, пишувала Деми.

Мајка ѝ ја продала за 500 долари

Еден од најстрашните моменти од нејзиното минато бил моментот кога нејзината мајка ја продала на постар, богат човек за 500 долари.

„Тој сакаше да излегува со мене. Бев очајна. Успеав да избегнам да спијам со него некое време, но еден ден ме зароби. Ја молев мајка ми да не ме остава, но таа постојано велеше дека тоа нема да трае долго. Дали разбра низ што поминувам? Сопствената мајка ме продаде за 500 долари. Се чувствував валкано и понижено“, напишала Деми.

На крајот од своите мемоари, Деми пишувала и за желбата да добие Оскар и за почитта која ја добивала како актерка.

Деми е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра женска улога. Сепак, останува да видиме дали шокантните тајни од минатото ќе влијаат на еден од најбитните моменти во нејзината кариера, пишува „Дејли Мејл“.

ИЗДВОЕНИ